Официјална промоција на новата ŠKODA SCALA: Храброста нѐ движи напред!

Пред македонските новинари во салонот на ŠKODA, денес официјално беше претставен новиот член на семејството на ŠKODA – новата SCALA.

Овој нов модел на чешкиот производител комплетно го редефинира сегментот за компактен семеен автомобил, а во понудата на ŠKODA се позиционира помеѓу Fabia и Octavia, заменувајќи го моделот Rapid којзавршувасосвоето производство.

Името „SCALA“ претставува латински збор кој означува скалила, што според ŠKODA го означува големиот напредок и исчекор во компактиот сегмент.

Основана на концептот VISION RS, новата ŠKODA SCALA беше развивана 4 години, а крајниот резултат претставува перфектен производ. Инкорпорирајќи нова технологија, емотивен дизајн, високо ниво на функционалност и конективност, новата SCALA јапоставувановатаосновавокомпактиотсегмент.

Дизајнерски ŠKODA SCALA ја претставува следната фаза од еволуцијата на дизајнот на ŠKODAмоделите, со истакнати безвременски, софистицирани, скулпторски форми и динамични детали. Дизајнот на ŠKODA SCALA се темели на концептот VISION RS и се карактеризира со прецизни и динамични линии, извонредна интеракција на светлината и сенките и уметнички тродимензионални форми претставени пред се со впечатливата предна решетка и задните стоп-светла.

Внатрешноста на ŠKODA SCALA освен што е препознатливо пространа и комфорна, отсега импресионира и со добро осмислена модерна ергономија и емотивно осмислен дизајн. Во внатрешноста се истакнуваат квалитетните и меки материјали и огромниот 9,2” дисплеј. Секако ŠKODA SCALA е вистинска ŠKODAшто значи дека секогаш нуди највеќе простор за патниците и огромен багажник.

Безбедноста на патниците во ŠKODA SCALA доаѓа во сериска опрема со напредните безбедносни системи како: Front Assist – радар за автоматско сопирање при појава на пешак, возило или препрека, Lane Assist – систем за одржување на коловозна лента, Сензор за дожд со Светлосен асистент за автоматска контрола на долгите светла, 6 воздушни перничиња, Индикатори за сите појаси, Темпомат со ограничувач на брзина и зајакната каросерија изработена на MQB платформа од високо-квалитетни челици.

ŠKODA е добро позната по своите т.н. Simply Clever практични решенија. Новата SCALA не е исклучок на ова, содржејќи повеќе интелигентни функционалности кои го прават секојдневието полесно за возачите. Како дополнување на држачот за паркинг картичка на А-столбот и одделот за чадор во вратата на возачот, тука е гребалката за мраз во вратичката за гориво со вграден мерач на длабочина на пневматици и интегрираната инка за полнење на средство за прскалките на бришачите. Доколку е потребно, SCALA може да се добие и со електрична самоповлекувачка кука за влечење која се контролира преку копче во багажниот простор, што исто така претставува прва иновација во својот сегмент.

Миле Станчев – Бренд Менаџер на ŠKODA, во своето обраќање кон новинарите изјави: – „Би сакал и да истакнам дека ŠKODA SCALA е најважниот модел за брендот ŠKODAна Македонскиот пазар, затоа што нуди најголема вредност за вложените пари. Отсега и Македонските купувачи ќе може да добијат модерен, просторен, технолошки напреден и безбеден автомобил за цена далеку поприфатлива споредено со директните конкуренти во компакт класата. Да и посакаме добредојде на ŠKODA SCALA, идната звезда и best-seller на ŠKODA во Македонија.“

За почеток на македонскиот пазар, SCALA ќе се нуди со два турбо-бензинци со 1.0 литарски мотор и 95 или 115 коњски сили со мануелен или DSG автоматски менувач и еден турбо-дизел 1.6 литарски кој испорачува 115 коњски сили и може да има мануелен или DSG автоматски менувач. Додека најмоќниот 1.5 литарски турбо-бензинец со 150 коњски сили ќе ни биде достапен од Октомври. Scala тежисамо 1.240кг благодарејки на MQB платформата и располага со одлични возни карактеристики со секои од понудените варијанти на мотори.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Самсунг започна со масовно производство на првиот индустриски 12Gb LPDDR5 Мобилен DRAM за премиум смартфони

Новиот Самсунг 12Gb LPDDR5 е базиран на најновите DRAM стандарди и го зголемува потенцијалот на …