(ФОТО) ЉУБОВ КОЈА НЕ ПРИЗНАВА ОГРАДИ: „Поради такви здрави умови овој свет и има некаква надеж за подобро утре!“

„Невидлива рака не избра нас двајца да се сакаме, љубиме, простуваме, градиме некои подобри светови, да имаме и да ги учиме децата на вистински и човечки вредности. Денес сум благодарна на се. На двете школи. На оградата. На препреките и бариерите. Бидејќи да се спознае љубов, да се љуби и да бидеш љубен, значи да се гаси омразата во себе, да се простува, да се градат мостови кои во човекот гледаат човек…“, пишува Елизабет Хргиќ на нејзиниот Фејсбук профил под една од свадбените фотографии, која стана вирален хит.
Елизабет Хргиќ и Инаса Дагоја, кои оваа година стапија во брак во Травник докажаа дека љубовта е најголемата сила во универзумот.
Инаку, фотографијата која собра огромен број лајкови, е направена пред училишната зграда во Травник кај католичкиот училишен центар „Петар Барбариќ” во кој одела Елизабет и мешаното училиште „Травник” во кое одел Инас.
Двете институции се поделени со жица, а Елизабет под фотографијата објави емотивен текст.
„Радувај се на секој нов ден и учете ги децата дека сите се исти, дека не е важно дали сме црни или бели, дали се крстиме или се клањаме. Учете ги децата да бидат добри луѓе, кои нема да веруваат дека оградата е заштита, и дека и од другата страна растат добри, талентирани, духовити и деца полни со љубов. Нека вашата смисла на животот биде љубов…“, пишува меѓудругото Елизабет.

„Поради такви здрави умови овој свет и има некаква надеж за подобро утре!“, пишува во еден од коментарите под објавената фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА: Денеска се регистрирани 27. нови случаи на Ковид 19 – 19. лица ја загубија битката

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …