(ФОТО) Тинејџерка останала расплакана после свирепиот чин на колешката на матурската игранка

Тинејџерка останала расплакана откако свирепа колешка и го уништила фустанот на матурската забава истурајќи бокал со сок на неа…
Емили Пери, 16. годишна ученичка од Дончестер во северна Англија не сакала да оди на забавата бидејќи страдала од екстремна анксиозност. Нејзините родители успеале да ја убедат да оди, но после два часа нејзината мајка Трејси морала да оди по неа бидејќи „била во фаза“, пренесува The Sun.
На фотографиите кои Трејси ги објавила на Фејсбук се гледа расплаканата Емили.
„Ова е мојата прекрасна ќерка, која страда од анксиозност и која моравме да ја молиме да одиме на матурската забава вечерва“, напишала Трејси пред неколку дена.

This is my beautiful daughter, my beautiful daughter who suffers with anxiety whom we had to beg to go to the prom this…

Gepostet von Tracy Perry am Samstag, 29. Juni 2019

„Два часа подоцна ја земав во оваа состојба, со скршено срце. Таа ‘личност’ мислела дека е добра идеја да и истури полн бокал со сок и да ја намокри од глава до петици. Се надевам дека некој еден ден ќе ја уништи и понижи неа како што таа и го направи тоа на мојата ќерка“, додала, а нејзината објава станала вирална.
После свирепиот чин, многумина на социјалните мрежи на тинејџерките и оставиле пораки со подршка. „Прекрасна си, толку ми е жал што ти се случило тоа. И мене ме злостауваа. Се надевам дека другата девојка нема да мине без казна…“, „таа е прекрасна девојка и личноста која тоа и го направила веројатно е љубоморна на неа“, се некои од коментарите.
Емили одлучила дека нема да го открие името на злоставувачката со цел да одбегне „повеќе омраза“, а вели дека инцидентот ја зајакнал.
„Неверојатно е што се случи, доби подршка од сите страни на светот“, рекла Трејси за Daily Record.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …