(ФОТО) Лекар објаснил што ги поврзува јаглехидратите со мрсните талози на стомакот: Преку правилна употреба до вита става!

„Јаглехидрати не се единствената причина за мрсни талози на стомакот, но ако премногу ги изедете, можат и тоа како да влијаат на тоа“, рекол др. Роберт Миланес за  Popsugar.
„Ако јадете било каков вид на микронутриенти повеќе отколку е потребно ќе добиете на тежина. Сепак, начинот на кој јаглехидратите се варат ги прави посебно ризични, особено ако се обидувате да загубите на тежина“, објаснил др. Миланес.
„Јаглехидратите се расчленуваат на глукоза, која служи како извор на енергија на нашите келтки и органи. Сиот вишок се складира како гликоген во нашиот црн дроб кој потоа може да се претвори во гликоза која нашето тело ја користи во недостаток на енергија. Вистинскиот проблем настанува кога во ‘магацините на гликоген се преполни’“, рекол доктор Миланес.
„Кога јадеме јаглехидрати, расте нивото на инсулин. Инсулинот е задолжен за земање гликоза од крвотокот и испраќање во деловите од телото на кои им е потребна енергија, но исто така е задолжен и за складирање на мастите. Ако јадете премногу јаглехидрати и нема подрачје во телото кое има потреба од енергија, гликозата нема каде да оди и се складира како маснотија“, објаснил лекарот.
Постојат два вида јаглехидрати:едноставни јаглехидрати, кои главно се наоѓаат во преработената храна, и сложени јаглехидрати, кои се богати со влакна и поспоро се варат.
„Сложените јаглехидрати ќе ви овозможат подолго да се чувствувате сити, но тие исто така ќе го одржат нивото на инсулин стабилно, што ќе поттикне согорување на масти и ќе спречува нивно ‘складирање’“, порачал др Миланес и додал дека поради тоа е најдобро да се конзумира зеленчук акко брокула, карфиол, зелка и белгиски злеки, особено ако сакате да се ослободите од мрсните наслаги или да спречите нивно таложење.
Видови јаглехидрати
1.Прости јаглехидрати

(шеќер, мед, овошје, овошни сокови…)
Простите јаглехидрати имаат „едноставна” молекуларна структура и се составени од 1. до 2. шеќерни молекули. Најпростиот облик е гликоза. Од секојдневните храни се вклучени сахарозата (белиот шеќер), фруктозата (се наоѓа во овошјето) и лактозата (во млекото).
Не сите прости јаглехидрати се лоши. Природните прости јаглехидрати во овошјето и млекото се совршено здрави. Нискомаслените млечни производи како јогуртот, млекото и урдата се здрави извори на калциум и протеини. Иако овошјето и (свежо цедени) овошните сокови се здрави и преполни со минерали и витамини, најдобро е да се јадат во умерени количини ако губење на тежината е вашата цел. Најдобро време за внесување овошје е пред и по вежбањето.

2. Сложени јаглехидрати


(ориз, интегрален леб, тестенини…)
Сложени јаглехидрати, исто така, се составени од шеќери, но молекулите се нанижани заедно и формираат подолги, покомплексни синџири. Комплексни јаглехидрати ги вклучуваат на пример зрната на грашокот и на гравот, кои се богати со витамини, минерали, протеини и влакна. Проблемот со сложените јаглехидрати е тоа што тие често се рафинирани!
Внесувајте само нерафинирани јаглехидрати: цели житни зрна, вклучувајќи ги и триците и на никулците, целите зрна ориз, интегралниот леб, овесот и пченичните тестенини. Богати се со влакна и ќе се чувствувате сити подолго – одлично за губење тежина.
Рафинирани јаглехидрати се храна каде што се користат машините за отстранување на  влакната (триците и никулците) од житото. Кога сложените јаглехидрати се рафинираат, ја губат комплексна структура и на тој начин сите својства што ги прави здрав избор. Бел ориз, бело брашно, бел леб, зашеќерени житарици,тестенини и се што е направено од бело брашно се примери на рафинирани јаглехидрати.

3. Сложени фиброзини (богати со влакна) јаглехидрати


(повеќето зеленчуци)
Влакнести јаглехидрати се богати извори на витамини, минерали, фитохемикалии и други хранливи материи и претежно се зелени зеленчуци. Тие се полни со влакна, што претставува составен дел од растителената градба (на зеленчукот). Ова значи дека голем дел од храната поминува низ цревата без притоа да се  апсорбира, со што тие се одлични за чистењето на дебелото црево и се од суштинско значење за одржување на чист и здрав дигестивен систем! А уште подобро е тоа што влакнести јаглехидрати се со многу малку калории и со нив е практично невозможно да здебелите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …