(ФОТО) КУЌА НА ХОРОР: Момче (6) пронајдено врзано „во ланци како куче“ !

Шест годишно момче било измачувано од родениот татко кој вели дека тепањето и врзувањето биле дел од воспитните мерки…
Полицијата спасила шестгодишно момче од семејното насилство на кое било изложено подолго време во село во областа Луганск во Украина. Случајот бил пријавен од страна на родители на пријателите на момчето, на кои тој им признал што му прави неговиот татко и семејството.
Момчето било пронајдено како клечи, врзано со ланец околу вратот. На неговото тело имало траги од континуирана физичка злоупотреба.Неговиот татко признал дека го тепал, но се правдал дека тоа го правел како воспитна мерка.
Уапсени се таткото (36) и маќеата (27), кои кривично ќе се гонат за детска злоупотреба и измачување, за што казната е максимум пет години затвор.
Детето е пренесено во болница, каде покрај целосен физички преглед, ќе биде иапратено и на психолошка проценка. Тоа ќе биде сместено во дом за деца без родители.
Извор: mirror.co.uk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …