Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез се еден од најфит холивудските парови. Не е тајна дека многу внимание посветуваат на својот изглед и дека тој е резултат на внимателна исхрана и интензивни тренинзи.
Во новото видео, Џенифер Лопез, открила дека изведува бројни вежби кои добро ќе ве испотат и со самото гледање.
„Се чувствувам добро додека вежбам. Морате да се мотивирате“, порачала познатата пејачка и глумица.
Тешки јажиња, кревање тегови и туркање терет се само мал дел од рутината на познатиот пар, а тренинзите ги завршуваат со истегнување и криотерапија, метода на замрзнување која е доста екстремна. Имено, бројни лица како глумецот Марк Валберг, тврдат дека стратегијата на ладење на телото после вежбањето им помогнува да ја постигнат животната форма.
Кога не се во теретана во која се претвораат во „вистински ѕверови“, Џеј Ло и Алекс Родригез се нафаќаат на разни предизвици како десетдневниот без јаглехидрати и шеќери.
Иако не им било едноставно да се откажат од омилените продукти, издржале иако биле многу гладни. Славната пејачка тоа го направила за да своето тело го доведе до совршенство за улогата на стриптизерка во филмот „Hustlers“.