Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на Големата награда на Австрија, деветата трка на годинешниот шампионат на Формула 1.
Младиот Холанѓанин славел на „Ред Бул рингот“ откако од патеката три круга пред крај во борбата за водство, во третата кривина го истурка Шарл Леклер во Ферари. Монегашанинот водел во поголем дел од трката, со исклучок одел во боксот, а тие двајца поради овој инцидент се под истрага.
Win at the teams home track?
In front of crowds of fans?
Completed it 👊#AustrianGP🇦🇹#F1 pic.twitter.com/FRfvYFCOss
— Formula 1 (@F1) June 30, 2019
На третото скалило на победничкото постоље се најде возачот на мерцедес, Валтери Ботас. На тој начин е виден и најмладиот подиум во историјата на Формула 1.
BREAKING: @Max33Verstappen wins an epic race in Spielberg! 🏁🏆👊
Charles Leclerc finishes second with Valtteri Bottas taking third
WHAT. A. RACE.!!!#AustrianGP 🇦🇹 #F1 pic.twitter.com/vpYPCFqHfc
— Formula 1 (@F1) June 30, 2019
Инаку, ферстапен втора година по ред славен на домашната патека на својот тим, а го запишал и шестиот триумф во кариерата. Воедно го донел првиот триумф на болид со мотор на Хонда од Големата трка за Унгарија во 2005., на која Џенсон Батон се нашол на највисокото скалило на победничкото постоље.
🏁 CLASSIFICATION – AUSTRIAN GRAND PRIX 🏁
Verstappen takes Honda's first win since 2006 – although stewards are looking at his lap 69 pass for the lead #AustrianGP 🇦🇹#F1 pic.twitter.com/1EdjnShnB6
— Formula 1 (@F1) June 30, 2019
Инцидентот со кој е одлучен победникот ја одбележал трката бидејќи до тој момент Леклер бил на сигурен пат до триумфот. Ферстапен стартувал од втората позиција, но лошо тргнал и загубил неколку места, а како трката минувала имал се подобар ритам. Последен од водечките возачи отишол во боксот, а потоа постепено ги надоместувал позициите и било јасно дека во самиот финиш ќе го предизивкува Леклер, што и се случило.
Ботас на третата позиција возел доста осамена трка, бидејќи Себастијан фетел во Ферари и бранителот на титулата Луис Хамилтон не можеле да го загрозат. Британецот се’ до одењето во боксот се држел зад Леклер и Ботас, но направил и неколку грешки кои довеле до ошетување на предното крило, кое морало да му биде заменето. Тоа довело до тоа на патеката да се врати зад фетел, кој одлично се пробил после стартот од деветтата позиција, и покрај тоа што возачот на ферари во задржале во боксот подолго отколку што било планирано.
Германскиот автомобилист два пати ги менувал пневматиците но во самиот финиш повторно успеал да го премине Хамилтон во борбата за четвртото место, откако актуелниот шампион очигледно се мачел во Штаерска. Најдобар меѓу останатите бил Ландо Норис во Мекларен, пред возачот на Ред Бул, Пјер Гасли и својот тимски колега и воедно еден од јунаците на трката Карлос Саинс јуниор, кој стартувал од претпоследната позиција. Освојувањето на бодовите го заокружиле возачите на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Ѓованици.
Хамилтон на првата позиција во генералниот пласман има 197 бодови, а го следат Ботас со 166 и Ферстапен со 126.
Годинешниот шампионат на Формула 1 продолжува со Големата награда на Британија на патеката „Силверстон“ на 14. јули.