(ФОТО) Баисер – сладолед торта

Нема кој не сака сладолед, а за денес ви предлагаме сладолед торта која се подготвува едноставно и лесно. Сместена во замрзнувачот, доколку не ја изедете брзо, секогаш ќе имате десерт…
Потребно е:
1,25 литри слатка павлака
2 ќесички шлаг фикс
200 г баисер целувки – готови
300 г млечно чоколадо
200 г крокант
5 – 6 лажици рум

Подготовка: слатката павлака изматете ја со шлаг фиксот. Штом почне да се згустува е готова.
Целувките издробете ги со рака, а чоколадото крупно изрендајте го.
Во изматената смеса од слатка павлака додајте ги искршените целуфки, чоколадото, издробениот крокант и румот. Се’ лесно измешајте со лажица.
Калап за торта (со обем од 26 см.) обложете со прозирна фолија, истурете ја сесата и ставете во замрзнувач, убаво да се излади.
Тортата извадете ја од замрзнувач, почекајте 10. инна минути и потоа префрлете, со превртување на чинија за служење.
Послужете класични парчиња торта, а секое украсете го со целувка, рендано чоколдо, може и топено, по ваша желба.
Можете да подготвите и половина смеса со тоа што сите состојки ќе ги намалите на половина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Кејт Мидлтон: Комбинација со која војвотката погодила директно во центар!

За да ја одбележат Европската недела на ментално здравје, што ја подигнува свеста за нејзината …