(ФОТО) ВЉУБЕНИКОТ ВО ФУДБАЛОТ Јане Велковски конечно го доби лекот „Спинраза”

Јане Велковски конечно ќе го добие лекот спинраза. Со овој лек тој ќе има подобар живот состојбата со здравјето ќе се подобри, а најголема надеж е дека Јане ќе има можност да оди, објави Канал5.

 

Неговиот сон е фудбалот, верува дека еден ден ќе застане на фудбалскиот терен, а сонот на неговите родители нивното дете да има поквалитетен живот.
Освен Јане овој лек ќе го добијат уште седум деца. Министерот Филипче вели дека лекот е од новата генерација на лекови за спинална мускулна дистрофија и ќе го добијат луѓето со оваа состојба.

Јане ова лето ќе наполни 11. години, период за кој како што вели ја научил суровоста на животот, но и животната лекција дека упорноста и волјата може да бидат виза за подобра иднина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕТО: 10. начини да ја победите несоницата

Дали сте од оние кои кога ќе легнат никако не можат да заспијат? Без грижа,  …