Имено, заедничкиот живот неизбежно донесува бројни промени па затоа понекогаш единствена опција е да се соочите со несогласувањата.
Но, постојат дури седум работи околу кои паровите најчесто се караат во текот на првата година на брак. Еве кои се тоа:
1.„Што се случило со нашиот љубовен живот?“
Лесно е да се одржи љубовна искра на самиот почеток на вашата врска, но сексуалниот терапевт Курт Смит тврди дека сексуалниот живот на двојките во повеќето случаи во текот на првата година од бракот повеќе не е толку возбудлив. Покрај тоа, според неговото искуство, двојките се многу помалку интимни.
„После венчавката не е невообичаено сексуалната страст да умре или и двајцата партнери стануваат незадоволни со сексуалниот живот“, тврди Смит.
Сепак, не станува збор за нерешлив проблем, Клучот се крие вомкомуникацијата меѓу партнерите, а токму тоа е она што многумина го одбегнуваат.
„Паровите живеат во тишина. Одлучуваат дека им е полесно да престанат да бидат интимни отколку да се соочат со чувствата и непредвидливите емоции, како што е вина или лутење/ Клучно е да се интервенира пред проблемот да го рпевземе вашиот живот“, порачала сексуалната терапевтка Кимберли Ресник Андерсон.

Вистина е дека пред да стапите во брак, треба да разговарате со вашиот партнер за тоа дали и двајцата сакате да имате деца, но дури и ако сте едногласни, може да се случи да не сте го навеле моментотво кој сакате да го проширите семејството, за да може ова да стане причина за вашата караница.
“Без разлика дали станува збор за разговор кога треба да го имате првото дете, колку ќе ги имате или како да ги подигнете, ова често може да предизвика конфликти и расправии меѓу партнерите. На пример, некој сака веднаш да има дете, додека другиот партнер чека поради кариера или финансирање “, објасни Смит.
3. „Треба да се постават граници“

Било проблемот да е што вашите пријатели ненајавени доаѓаат во вашата куќа, прашањата на блиските луѓе за тоа зошто сеуште немате деца или проблемот со тоа што вашиот партнер ќе се консултира со своите родители пред да донесе каква било одлука, сето тоа може да доведе до конфликт. Затоа терапевтите ве советуваат секогаш да го поставите вашиот партнер и вашиот брак на прво место.