Со „Војничка диета“ истопете 4. килограми за само 3 дена!

Губењето килограми со војничката диета е можно бидејќи секој ден се внесува до 1.000 калории што е многу помалку од просекот кој една жена треба да го конзумира дури и ако е на диета.
Диетата се спроведува три дена во неделата. Потоа треба да се направи пауза од четири дена во текот не кои се препорачува да се внесуваат околу 1.500 калории во денот, па воената диета можете да ја повторите ако сакате да загубите уште килограми. Таквиот начин на исхрана не се препорачува на подолг временски период а осмилен е за да се ослабне во „итни случаи“ – кога треба да облечете некој фустан кој ви е важен на битен настан.

Пример на тридневно мени:
Прв ден
Појадок: 1/2 грејпфрут, 1 кришка тост, 2 лажици путер од кикирики и филџан кафе или чај
Ручек: 115. г туна, 1 кришка тост, 1 филџан кафе или чај
Вечера: 85. г варено месо по желба, 150 г варена боранија, 1/2 банана, 1 помалечка јаболка 1 топка сладолед од ванила.
Втор ден
Појадок: 1 јајце, 1 кришка тост, 1/2 банана
Ручек: 200 г свежи сирење (или урда), 1 тврдо варено јајце, 5 малечки крекери
Вечера: 2 кремвишли, 175 г варена брокула, 25 г. морков, 1/2 банана
Трет ден
Појадок: 5 крекери, 1 кришка тврдо жолто сирење (на пример гауда), 1 помала јаболка
Ручек: 1 тврдо варено јајце, 1 кришка тост
Вечера: 230 г туна, 1/2 банана, 1 топка сладолед од ванила
Секој ден треба да се испие барем два литри обична вода, а кафето и чајот се дозволени но само без шеќер, млеко и алтернативни засладувачи.
Забрането е пиењето алкохол за време на војничката диета. Се препорачува дневно да се пешачи барем 30. минути дневно.
Со оваа диета во кусо време можат да се загубат килограми, но доколку се опуштите тие веројатно ќе се вратат наредните денови.
Ако сакате трајно да загубите килограми треба да почнете со усвојување на здрави навики.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ТРОГАТЕЛЕН АПЕЛ ОД ЕДНА МАЈКА: „Вашите 100. денари значат живот на нозе за Кристијан!“

Скоро секој ден сме сведоци на трогателни апели од родители за помош во лекувањето на …