(ВИДЕО) Се обидел да прескокне Ламборџини во налет: Убаво се посрамотил!

Луѓето се понекогаш подготвени на се за момент на слава на интернет, па буквално и да ризикуваат сериозно повреди.
Еден од таквите примери неодамна се појавил на интернет. Станува збор за познатата акробација во која автомобил со одредена брзина наидува на лице, а тоа во тој момент се одразува во скок и така буквално го прескокнува автомобилот. Тука акцентот е на поимите одредена брзина и вистински момент за скок, а ако тие фактори се почитуваат, не е на одмет ниту мала висина на автомобилот.

21. годишниот Арманд Акопијан од Бруклин, Њујорк, морал на своја кожа да ги почувствува последиците од една непромислена одлука. Тој од своите опријатели на подарок добил Ламборџини и, наместо да оди на возење, одлучил да го прескокне. Да, добил вистински автомобил и тоа Ламборџини.
Но, да се вратиме на првичната приказна. Акробацијата можела да мине многу полошо и малку недостасувало последиците од несреќата да се окарактеризираат со добро познатата изјава:„Останаа само копченца“. Вака, инспирираниот каскадер на момент останал без патики и гордост, а на среќа, и без поголеми повреди.
А, ако се прашувате зошто го направил тоа, Арманд самиот понуди, одговор:„Видов неколку луѓе како го имаат тоа изведено, а бидејќи сум во форма си реков:’**би го’“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …