НАРОДЕН ЛЕК – Исфрлете го холестеролот, спречете создавање згрутчувања: Чисти крвни садови значат долг и среќен живот!

Инфарктот не ги бира годините. Се’ повеќе млади луѓе умираат поради занемарување на можноста за затворени крвни садови…
Крвните садови се нарекуваат „патишта на животот“. Тие ги поврзуваат клетките во телото, обезбедуваат хранливи материи на ткивата. Тие и носат живот на секоја клетка.
Кардиоваскуларниот систем е најсложен и најсовршен жив механизам способен за самообновување и самовраќање. Сепак, потребна е постојана грижа дека крвниот систем функционира како што треба.
Застој или неправилна работа на крвните садови  може да доведе до развој на сериозни болести. Колку порано ќе започнете да се грижите за своето тело толку подолго и поквалитетно ќе живеете.
Ако ги имате овие тегоби:
Често страдате од главоболка или вртоглавица.
Бргу се заморувате и чувствувате слабост, без очигледна причина.
Вашето здравје се влошува кога се менува времето.
„Често „ви звони“ во ушите.
Повремено ви се стемнува пред очи, или под очите гледате „мушички“.
Лошо спиете.
Сте имале срцев удар.
Имате кус здив и при минимален напор.
Чувствувате тежина околу срцето и градите.
Во текот на денот сте поспани, чувствувате летаргија, дури и ако добро сте спиеле.
Рацете и нозете често ви се ладни.
Понекогаш чувствувате вкочанетост и пецкање во прстите.
Навечер ве болат нозете. Чувствувате тежина во нозете особено ако многу сте оделе или стоеле во текот на денот.
Имате грчеви во нозете.
Време е да ги исчистите крвните садови!
Задолжително јавете се на лекар ако чувствувате некои од горе наведените тегоби и во договор со лекарот конзумирајте некои од народните лекови за чистење на крвните садови.
Лук за чистење на крвните садови
Потребно е: 1 главичка лук, 1 лимон, 600 мл вода
Подготовка: лукот (исчистен) и лимонот сомелете ги во машина за мелење месо па полијте со ладна вода. Оставете да отстои 2. до 3. дена. Исцедете и пијте секој ден по 50 мл 15. минути пред појадок. Пред употреба процедете ја течноста.
Лимон за чистење на крвните садови
Секое утро испијте по 1 чаша ломонада без шеќер или мед, на празен желудник. Ова користете го седум дена па направете пауза.
Оцет од јаболко
Секое утро чашка од ракија со јаболков оцет истурете во ладна вода и испијте на празен желудник. Овој напиток користете го во текот на 10. дена па направете пауза од еден месец. Потоа повторете ја постапката.
Тибетантски народен лек за чистење на крвните садови
350 г. излупен и ситно сечкан лук сомелете во глинен сад со толчник. Добиеното пире од лук оставете да отстои на темно место. Потоа исцедете ја добиената течност (околу 200 мл) и додајте му 200 мл чист медицински алкохол (може да се користи и домашна ракија). Мешавината затворете ја во стаклен сад и оставете во фрижидер. После 10. дена течноста исцедете ја низ густа ленена ткаенина. Добиената течност чувајте ја на ладно место 2. дена, потоа можете да го пиете овој лек.
Добиениот лек се пие вака:
Прв ден: пред појадок 1. капка разблажете во чаша вода па испијте, пред ручек 2. капки во чаша вода, а пред вечера 3. капки пред вечера.
Втор ден: пред појадок испијте 4. капки,пред ручек 5. капки, пред вечера 6. капки.
Трет ден: пред појадок 7. капки, пред ручек 8. капки, пред вечера 9. капки.
Четврти ден: пред појадок 10. капки, пред ручек 11. капки, пред вечера 12. капки.
Петти ден: пред појадок 13. капки, пред ручек 14. капки, пред вечера 15. капки.
Шести ден: пред појадок 15. капки, пред ручек 14. капки, пред вечера 13. капки.
Седми ден: пред појадок 12. капки, пред ручек 11. капки, пред вечера 10, капки.
Осми ден: пред појадок 9. капки, пред ручек 8. капки, пред вечера 7. капки.
Деветти ден: пред појадок 6. капки, пред ручек 5. капки, пред вечера 4. капки.
Десетти ден:пред појадок 3. капки, пред ручек 2. капки, пред вечера 1. капка.
И сте го завршиле чистењето на крвните садови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …