Двегодишно девојче си го оштетила видот со претерано користење на мобилен телефон

Родителите на двегодишно девојче се шокирале отткако со неограничено користење на паметен телефон бил уништен нејзиниот вид.
Девојче од Јиангсуа во Кина од својата прва година користела паметен телефон за гледање медиски содржини, известува  Asia One.
Нејзините родители не и го ограничувале времето кое го минувала покрај мобилниот бидејќи тоа била единствената работа што можела да ја смири.
Со полни две години родителите почнале да забележуваат дека детето постојано „се мршти“ и „чудно гледа“ додека ги гледа своите омилени емсиии и цртани филмови на мониторот на својот омилен апарат, што ги загрижило, па ја одвеле на лекар.
За жал, лекарот и дијагностицирал миопија, односно кратковидост и трајно оштетување на едното око, пренесува  Kidspot.
Неодамна Childcare.co.uk спровел истражување за времето кое децата го минуваат пред малите екрани и што за тоа мислат нивните родители, а резултатите многумина ги шокирале. Дури 87. отсто од родителите изјавиле дека се среќни што нивните деца имаат пристап на разни екрани на возраст од две години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …