(ВИДЕО) Овој човек го чистел покривот на Чернобил:„Никогаш нема да ги заборавам тие две минути“

„Чернобил“, според многумина, е најдобрата серија на сите времиња, а светот сè уште има огромна љубопитност за сите детали од катастрофата. Гледачите не можат да се уморат од нови приказни од Чернобил, а сега за медиумите се јавил и еден од ликвидаторите, Естонецот,  Јаан Кринал, кој бил еден од луѓето што ја  санирале штетата по катастрофата.
Како што е прикажано и во серијата,на ликвидаторите кои го чистеа радиоактивниот графит од покривот им било дозволено да минат само 90. секунди на покривот поради огромното зрачење. Кринал вели дека немаат поим за што точно станувало збор и дека никој не им ја кажал вистината за несреќата што се случила како ниту за можните последици.
Кринал имал 32. години и една година претходно отслужил во армијата. Добил, како и многу мажи од неговиот град, наредба да се подготви и да оди во непозната насока. Тој вели дека бил воодушевен кога сфатил дека оди во Чернобил бидејќи се плашел дека ќе оди во војна во Авганистан.

Кога дошле во денешната Зона за исклучување, слушнаале приказни за 90-секунди чистење на покривот и се надевале дека  нивната работа ќе биде куса и брзо ќе се вратат дома на нивните семејства. Сепак, се излажале. Како што вели Јаан, работеле по 11. часа на ден. Тие биле триесет километри од местото на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата и тие немале поим за тоа. Јаан бил задолжен за намалување на зрачењето на куќите во околните села. Тие мешале вода и супстанца што била како прашок за перење, а потоа ги чистиле куќите, размислувајќи дека работата наскоро ќе заврши, а потоа еден од нив се вратил во претходното село и го мерел зрачењето на куќите. Состојбата била полоша отколку пред чистењето.
И покрај очигледната бескорисност на работата, тие продолжиле да работат по 11. часа на ден, без слободен ден, до крајот на јуни. После тоа, тие имале два дена пауза месечно. Како што минувале неделите, се појавиле сомнежи.
“Сите почнавме да се сомневаме, но сите полицајци рекоа:’Зошто сте вознемирени, нивото на радијација не е толку високо?’Во суровата иронија, командантите им кажаа на луѓето дека изложеноста на радијација ќе има здравствени бенефиции.Тие се пошегуваа дека секој кој има рак сега може да се ослободи од него – бидејќи зрачењето помага”, вели Јаан, и продолжува:„Набргу падна целиот ентузијазам. Бидејќи многумина почнаа интензивно да кашлаат, загриженоста се зголеми околу тоа дали лажеле дека зрачењето е безопасно. Респираторите што ги добија мажите не можеле да опстанат поради топлината и биле користени додека не настанале дупки во нив“.
Подоцна откриле дека треба да се менуваат секој ден. Јаан, исто така, учествувал во чистење на покривот на нуклеарната електрана.

Тој вели дека никогаш нема да ги заборави тие две минути додека стоел над работ на отворен нуклеарен реактор, чистејќи радиоактивен графит. “Тоа беше како да сте во војска, каде што никој не објаснува ништо. Вие ја добивате командата, одите и го правите тоа. Тоа е барање”, вели тој. Можеби адреналинот, а можеби и стравот, го направиле празен. “Кога бев на покривот, изгледаше сосема поинакво од она што беше прикажано на екранот. Само грабав парчиња од остатоците колку  што можев”, вели тој.
Јаан вели дека некои од неговите познаници наскоро умреле, некои добиле рак, а некои извршиле самоубиство. Тој е сѐ уште жив и здрав.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …