(ФОТО) Најскапиот дрес во историјата, на аукција, продаден за 5,64 милиони долари!

Неименуван колекционер во саботата на аукција во Њујорк го купил дресот на „Јенкис“ кој големиот Бејб Рут го носел од 1928. до 1930. година за рекордни 5,64 милиони долари.
Така дресот на Рут станал најскапа спортска „меморијабилија“ вило кога продадена, а рекордот до сега го држел исто така негов дрес кој во 2012. година бил продаден „за само“ 4,4 милиони долари.

Колекциониерот купил и 400 предмети кои на аукцијата ги дало неговото семејство. Бејб Рут со полно име Џорџ Херман Рут Јр. играл за „Boston Red Sox“ од 1914. до 1919. година, но со слава се здобил како играч на „Yankeeѕ“ од 1920. до 1934. година. Според многумина тој е најдобар играч во историјата на безболот а негови бројни рекорди не биле соборени повеќе од 80. години.

Починал во 1948. година од рак во вратот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …