(ФОТО) Мислел дека купил вила за 9.100 долари па останал во шок кога видел што добил

Маж од Флорида бил пресреќен кога помислил дека успеал да купи вила на онлајн аукција за само 9.100 долари, но се испоставило дека купил парче тревник помеѓу два дома – а властите велат дека не можат да направат ништо за да му бидат вратени парите.
Кервил Холнес мислел дека купил вила за Тамарак вредна 177.000 долари на интернетска аукција на недвижности и останал во шок кога открил дека станал сопственик на парче земја вредно само 50. долари.
Парчето земја почнува на плочникот каде се наоѓа поштанско сандаче и се протега до гаражата на соседните вили и потоа продолжува во дворот. Властите велат дека според законот не можат ништо да направат за да му помогнат на Холнес кој првпат учествувал на ваква аукција, пренесува  Daily Mail.
„Тоа е измама. Не пишуваше дека тоа е само линија која минува покрај вилата, иако имаат алати да го покажат тоа“, рекол Холнес за Sun Sentinel. „Да сум доволно осветољубив би можел низ гаражата и домот да дојдам до својот простор, но каква корист би имал од сето тоа“, додал.
Тој вели дека фотографиите на проценителите на недвижнините биле поврзани со аукцискиот сајт кој покажувал вила како предмет за кој треба да се натпреварувате. Но, на страната на проценителите пишува дека зградата нема вредност и дека парчето земја зазема само 9 метри квадратни и дека е широко 30. сантиметри.


Сега официјалните лица ги предупредиле учесниците на аукциите да бидат внимателни при поднесувањето на понудите. Округот на страницата ставил предупредување во кое на вложувачите им препорачува да истражат пред да се натпреваруваат и дека таканаречениот Tax Deed (правен документ со кој сопственоста над имотот му се доделува на државно тело кога сопственикот на имотот не плаќа данок за неа) продажба не се за неинформирани.
„Би можел на суд и да пронајде некоја грешка во процедурата на продажбата“, рекол адвокатот Гери Сингер, кој се бави со недвижнини.„Општо зборувајќи го купил она што требало да го купи“.
Не е познато зошто парчето земја не е припоен на еден од имотите кои ги спојува туку останал во сопственост на компанијата GHO Tamarac II.Компанијата се распаднала и на имотот не бил плаќан данок, што довело до аукција во март.
Тина ДеФео купила една од двете вили во април, после аукција и била шокирана кога дознала за купувањето на Холнес.
„Нема смисла. Не знам како може да купите парче трева како ова“, рекла.
Холнес не е единствениот кој наседнал. За истата парцела се натпреварувале уште тројца луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на бројни болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за откривање на маснотии во крвта, ја сфатила важноста …