(ФОТО) Екипата на „Ало ало“ повторно на собир!

Популарната серија „Ако, ало“ ќе добие славна сина спомен табла…
Оваа табла се поставува во Велика Британија на зградите во сеќавање на познатите личности кои живееле во неа или на битни настани.

Друштвото на комичари на Велика Британија на 7. септември ќе открие табла, кога во Линфорд Хол ќе се собере екипата од, на многумина, омилената серија.

Директорот на Друштвото, Арон Браун, вели дека е важно да памтиме „една од големите британски комедии“.
„Тоа беше голем хит во Велика Британија но и ширум светот. Серијата се емитуваше девет сезони во десет години. Траеше двојно повеќе од самата војна“.
Ало, ало

– Серијата наводно се одигрува во малечкиот француски град Нувион, кој Германците го окупирале во Втората светска војна.
– Нувион навистина постои и се наоѓа на северот на Франција, но серијата никогаш не е снимана на оваа локација
– Серијата се емитувала од 1982. до 1992. и се снимени 85. епизоди
– „Ало, ало“ на духовит начин се бави со Гестапо, Француското движење на отпорот но и Британците

Се очекува дека на откривањето на сината табла ќе биде и Вики Мишел,која ја играла Ивет, како и Ким Хартман која ја глумела Хелга. На настанот ќе биде и Гај Сингер кој го играл поручникот Грубер, Кристен Кук која ја глумела Мишел и Ричард Гибсон кој го играл хер Флик. Меѓу званиците се очекува и Франческа Гоншо која ја играла Марија и Су Хоџ која ја глумела Мими.

Гордон Кеј кој го играл Рене починал во 2017. година додека Кармен Силвера која ја глумела Ивет, починала во 2002. година.
Линфорд Хол кој е претворен во хотел го претставувал градскиот плоштад во Нувион во серијата.

Обожавателите на серијата можат да купат карти за настанот во септември а тие вклучуваат и свечена вечера на која ќе бидат и глумците од серијата. Сиот приход од настанот оди во хуманиатрни цели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Будвигов крем: Појадок кој спречува појава на бројни болести

Германската биохемичарка Јохана Будвиг открила начин за откривање на маснотии во крвта, ја сфатила важноста …