(ФОТО) За Хамилтон рекорд на патеката и пол позиција во Франција

Во недела за Големата награда на Франција од пол позицијата ќе тргне возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.
Најдорото време во квалификациите пред неделната трка за Големата награда на Франција ја имал возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој два пати го соборувал рекордот на патеката. Новиот рекорд на патеката е 1:28.448 и тоа е време кое на минатогодишниот победник му било доволно за пол позиција. На Хамилтон ова му е 60. пол позиција во Мерцедес,а 87. во кариерата.

Помеѓу неговите два брзи кругови, во Q2 рекордот на патеката го соборил и Валтери Ботас (1:29.437), но тоа на крај било доволно само за втората стартна позиција. Од третата стартна позиција ќе тргне возачот на Ферари, Шарл Леклер кој зад себе го оставил Макс Ферстапен.
Меѓу најдобрите десет во квалификациите се нашле и, по ред:Ландо Норис, Карос Саинс, Себастијан Фетел, Даниел Рикардо, Пјер Гасилин и Антонио Ѓовинаци.
Себастијан Фетел после вториот дел од квалификациите го имал второто место на патеката и бил помеѓу Ботас и Хамилтон. Но, тоа драстично се променило во Q3 па поискусниот од двајцата возачи на Ферари ќе стартува од седмата позиција. Се чини дека Фетел во последниот дел од квалификациите имал проблеми со преносот, но останало нејасно дали станува збор за проблем од техничка приода.


Трката се вози во недела со почеток од 15.10 часот а директниот пренос можете да го следите на ТВ 24.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС Е НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАР- Серхио Рамос си заминува од Пари Сен Жермен, се прости со емотивна порака

Шпанскиотфудбалер Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен Жермен и нема да потпише нов договор, …