(ВИДЕО+ФОТО) Најголем тропски воден парк во Европа во кој можете да се капете 365. дена во годината

Со паркот доминира дождлива шума која се протега на 10.000 квадратни метри, а во која се засадени 50.000 билки. Таа е дом и за разни тропски животни како фламинга, пауни и црвено-сини папагали…
На 50. километри од Берлин во бивш воздухопловен хангар се сместил најголемиот тропски воден парк во Европа.  Tropical Island Resort се простира на 6.47 хектари, а одеднаш може да прими дури 6.000 гости. Најдоброто од се е што е отворен во текот на целата година.

Во хангарот владеат тропски услови – топло е и важно сите 365 денови во годината – независно од метеоролошките услови надвор кои пак можете да ги проучувате преку стаклениот кров.
Со паркот доминира дождлива шума која се протега на 10.000 квадратни метри, а во која се засадени 50.000 билки. Таа е дом и за разни тропски животни како фламинга, пауни и црвено-сини папагали…
Наменет е за гости од сите генерации и профили. На децата им е наменет Tropino Club кој нуди возење со мини бродови, забавни тобогани и игри со вода со кои никогаш не им е здодевно.
Во водениот парк живеат егзотични животни.
Возрасните можат да се опуштат во лагуната која е направена по примерот на оние од Бали, да уживаат во сауната или други спа услуги и да се капат во таканареченото „тропско море“ кое покрива површина од три олимписки базени.

Во склоп на водениот парк можете да јадете во дури шест ресторани кои служат се – од хамбургер и пици до азиска кујна, но и да преспиете во шатор. Tropical Island Resort ви овозможува кампирање во склоп на водениот парк по цена од 26. евра.
Минатата година е отворен и надворешен дел по име Амазониа кој поради температурите може да се посетува само во лентите месеци.

Извор: punkufer.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …