Какво време да очекуваме наредните денови?

Во текот на денешниот ден (понеделник) особено околу пладне и попладне се очекува поголем дел од територијата на Македонија да биде зафатена од нова влажна и нестабипна воздушна маса. Па токму сето ова на повеќе места се очекува развој на нестабипна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално поради загреаната атмосфера која е исполнета со влага и спарина повторно очекуваме и БУРНИ атмосферски процеси кои би биле застапени и во форма на НЕВРЕМЕ со силен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Се очекува да се истури и значителна количина на воден талог за краток временски период.


Па поради сето ова ги советуваме граѓаните континуирано и будно со свое око да ја следат атмосферата или небото и да не се изложувате да седите на отворен простор како и под осамени дрвја. Простор за паника нема, но сепак оставаме простор за крајна претпазливост бидејќи природата знае да спреми и неочекувани метеоролошки изненадувања.
До четврток ќе имаме речиси доста нестабипна атмосфера над Македонија, што значи и натаму стојат условите за локално НЕВРЕМЕ. Особено НЕСТАБИЛНИТЕ процеси ќе бидат застапени во периодот околу пладне, попладне и во вечерните часови.

Подготви: Denis Muhovic


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Град Скопје обезбеди пристапни рампи во сите градски институции за лицата со попреченост

Обезбедена е пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, но ова е само …