(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, открил дека лекарите му рекле дека му остануваат уште 12. месеци живот откако по трет пат му бил дијагностициран рак на кожата, пренесува Daily Mail.
На Билтон ракот првпат му бил откриен во 2013. година. Тогаш неговата кариера се движела кон врвот, го отворал својот втор ресторан и често можел да се види во британски кулинарски шоуа. Тогаш успеал да ја победи болеста, но таа се вратила во 2015. година кога за време на лекувањето го загубил чувството на вкус.
После таа борба познатиот готвач бил убеден дека уште еднаш успеал да ја победи свирепата болест, но во декември минатата година открил дека ракот повторно се вратил – откриен му е четврти стадиум на рак во левата нога и бубрегот.
Поради сето тоа Тим морал да се откаже од рестораните, но успеал да поврати 80. отсто од чувството на вкус и продолжил да работи како готвач. Кога првпат му ја откриле болеста на Тим му предвидувале и освојување на Мишелинова ѕвездичка за еден ресторан, меѓутоа болеста ги променила плановите.Ги продал рестораните и се посветил на борбата за здравјето.
Најтешко му било, раскажал за Daily Mail, кога го загубил чувството за вкус.
„Устата е мој алат, бев скршен“, вели Тим. Прв пат кога почувствувал дека чувството за вкус му се враќа вели дека се расплакал. Бил на одмор со семејството, јадел јадење со лимета и коријандер, тоа биле првите два зачини кои успеал да ги почувствува после болеста.
Но, околу Божик, минатата година почувствувал болка под коленото за која мислел дека е спортска повреда. Се испоставило дека ракот се проширил во коските на ногата и дека стасал до стадиум кој не може да се лекува.
„Кога ми се јави докторот, се чувствував како да ме прегазил воз“, раскажал овој готвач.

View this post on Instagram

#day19 this week has been not just a huge test on me but on Adele and the boys. The boys really struggled with me being in hospital and being away from home. Adele then has to run round after all of us to make sure we are ok but forgets about herself. She broke my heart yesterday when she called me crying as our Wedding song had come on the radio and she just couldn’t stop crying. The reality of what we had discussed with my consultant yesterday just hit her. Her anxiety then reached its peak this morning saying goodbye to Henry as he goes off on his school trip. Cancer is not just controlling me but has such a huge impact on the 3 people I love the most! Not sure where I would be without her.Xx #cancerisshit #immunotherapy #family #wife #myboys #myworld #love #immunotherapy #ipilimumab #fuckcancer #lifewithcancer #cr_uk #bowelbabe #stage4cancer #melanoma #menscancer #myrock

A post shared by Timothy Bilton (@timbilton1972) on

Наскоро ќе тргне на нова терапија, но лекарите му рекле дека сега станува збор само за тоа да му го продолжат животот.
„Не знам дали имунотерапијата ќе делува, но беа неа ми остануваат само 12. месеци живот“, вели таткото на два сина.
„Бевме потполно искрени со момчињата, знаат дека нивниот татко ќе се бори до последниот момент“, вели.
Тим моментално води и блог во кој редовно известува за својата состојба.
„Сакам другите да знаат дека е ОК да се зборува за тоа“, вели Тим Билтон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ИНСПИРАЦИЈА ЗА ДРУГИТЕ ДЕЦА: Девојче за секоја хемотерапија се облекува како една од принцезите на Дизни

Многумина облекувањето го земаат здраво за готово, но за некои, изборот на одредена облека може …