Меган Маркл пред нешто повеќе од еден месец станала мајка.
Познато е дека војвотката од Сасекс е голема заговорничка на здрав начин на живот кој вклучува редовно вежбање и разнолвидна исхрана, но она што повеќето обожаватели на кралското семејство го интересира е времето кое и е потребно за да ја врати фигурата која ја имала пред бременоста.
Според зборовите на кралската стручњакиња Кејти Никол, Меган навистина сака да биде во форма, но не и се брза за во теретана. Ова време го користи за да потполно му се посвети на малечкиот Арчи.
„Никаде не и се брза. Единствено што практикува е јога. И’ многу шета околу паркот во Виндзор. Едноставно ужива во мајчинството, онака како што би требала секоја мајка“, рекла Никол.
Дориа, мајката на Меган, инаку инструкторка по јога, наводно дополнително го усовршило знаењето по јога за да и помогне на ќерката после породувањето.
„Пристапот на Меган кон се е холистички и нежен. Не и е важно да биде во форма и тоа само еден месец после породувањето“, заклучила Кејти Никол.