(ФОТО) НА ПОЗНАТА ГЛУМИЦА ПОРАДИ ПУТИН И СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР: Наместо на претстава отишла на гала вечера а проблемите настанале поради една фотографија!

Италијанската глумица Орнела Мути се соочува со затворска казна доколку не плати оштета бидејќи ги откажала своите настапи во театарот за да присуствува на гала вечера со рускиот претседател Владимир Путин и американскиот колега Кевин Костнер.
Мути требало да се појави на театарската сцена во декември 2010. година, но рекла дека е болна после што отпатувала во Санкт Петерсбург.

На лекарското уверение и било препорачано петдневно мирување поради проблеми со грлото, кашлање и температура.
Врховниот Касационен суд ја потврдил нејзината условна затворска казна на шест месеци како и парична казна од 500. евра и 30.000 евра оштета на театарот „Верди“ во Порденон на североисток на Италија.
Бидејќи во јавност се појавила фотографија од глумицата на иста маса со претседателот Путин судот поднел тужба.

„Секако би отишла. Бидејќи таа вечер не можев да глумам, отпатував. Претставата подразбираше и монолог во кој се вика повеќе од еден час и јас не можев тоа да го одработам. Но, засипнатиот глас не може да ве спречи да присуствувате на вечера“, рекла своевремено глумицата за италијанските медиуми.

Судот ја предупредил Орнела Мути дека доколку не ја плати оштетата ќе оди во затвор.
Италијанските медиуми наведуваат дека таа има рок од 30. дена да ја исплати оштетата пред судот да донесе нова одлука и истакнуваат дека е можно да заврши во затвор бидејќи нема да може да го плати наведениот износ.
На првото рочиште во 2015. година глумицата на суд изјавила дека нема средства да ја исплати оштетата.
Две години подоцна таа и нејзината ќерка се истерани од станот во Рим поради заостанати долгови на агенцијата за недвижности.
Мути порано на руските медиуми им зборувала дека има стан во Москва и дека би сакала да има руско државјанство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …