(ФОТО) МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР: Славниот глумец ги негира сериозните обвинувања откако со лисици на рацете бил изведен пред судија

Куба Гудинг Јуниот е уапсен поради непримерено допирање на жени во ноќни клубови, поради што му се заканува затворска казна…
Еден од најпознатите холивудски глумци, Куба Гудинг Јуниор, е снимен со лисици на рацете додека полицијата го приведувала после сериозни обвинувања на две жени, дека непримерено ги допирал.


Имено, 51. годишниот глумец две жени го обвиниле дека минатиот викенд во еден ноќен клуб во Њујорк непримерено ги допирал, што тој го негирал. После обвинувањата сам со насмевка на лицето отишол во полицискиот оддел за специјални жртви на разговор со детективите пред кои изјавил дека е невин и дека сигурносните снимки тоа и ќе го докажат. И покрај тоа, Куба е уапсен поради присилно или недозволено допирање поради што му се заканува казна затвор во траење од една година.


Неговата прва обвинителка на полицијата и рекла дека на забавата во „Magic Hour Rooftop Bar“, кога му донела чаша вода Куба ја фатил за градите, бидејќи бил премногу пијан сам да оди да земе. Втората жена го пријавила во полиција бидејќи наводно ја фатил за задникот во клубот „Butter“. И двата настани се случиле во различно време, место и пригоди.


Полицијата од станицата го одвела со лисици при што глумецот им се насмевнал на присутните фоторепортери кои го чекале.
„Верувам во системот и процесот. Постои снимка која ќе докаже што навистина се случило. Бев во клубот, отидов сам, сретнав многу луѓе, се фотографирав со нов. Апсолутно за ништо не се чувствувам виновен“, изјавил Куба за TMZ пред да и се предаде на полицијата.


Пред самото предавање неговиот адвокат не бил сигурен дали глумецот сам ќе и се предаде на полицијата бидејќи сметал дека нема причини за тоа со оглед на неговото тврдење дека не направил никакво злосторство.
Моментално не е познато дали Куба Гудинг Јуниор е со некого во врска, но до 2014. година беше во 20. годишен брак со Сара Капфер со која има три деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дели пари на улица: Полицијата го бара мистериозниот добротвор

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор, кој остава коверти полни со пари на градска улица …