(ФОТО) Вронете во нестварното синило: Најчистите плажи на светот делуваат како фатаморгана

Поради тоа што одредени корали или карбонитни карпи играат посебна улога во водените површини, било да станува збор за океаните, морињата, езерата или реките, некои од нив едноставно изгледаат многу поубаво од останатите, а некои имаат толку чиста вода со нестварна боја што е тешко да се поверува дека навистина постои.
Кога говориме за плажите, често во прв план се истакнува ситниот песок на кој засекогаш би можеле да се сончате и да гледате во водата пред вас, но сите знаеме дека тоа не значи многу без кристално чиста вода во која од него можете и да скокнете. Еве топ листа на синило во кое луѓето ширум светот би нурнале штом го видат…
Лампедуза, Сицилија, Италија

Како најголемо и најубаво во групата Пелагиски острови во средниот дел на Средоземното море, помеѓу Малта и Тунис, Лампедуза заслужува да ја посетите поради самата своја позиција, но она што е нејзин најголем адут е фантастичната вода: светкава, кристална и електро-сина. Најпопуларна плажа на островот е Зајачката плажа со бројни заливи окружена со карпи од варовник.
Бонита, Бразил

Благодарение на високата концентрација карбонитни карпи кои важат за природни филтери, реките на бразилската општина Бонито, која припаѓа на Минас Жераис, една од 26. бразилски држави, се исклучително чисти и сини – толку што целиот предел бил наречен Кариби на Централниот – западен регион на Бразил. Најголемиот естуар на светот, Рио де ла Плата, настанал со спојување на утоките на реките Парана и Уругвај во Атлантскиот океан, со драматична сина боја, е многу популарен меѓу нуркачите поради прозирноста на неговата вода и богатиот подводен живот.
Малдиви

Обиколувањето на најсините водени површини на светот не би бил потполн без Малдиви, познати по тиркизната сина вода која делува нестварно, толку што бродовите кои пловат по неа често изгледаат како да лебдат над водата. Како веќе да не е доволно блескава, неодамна буквално светела на ненаселениот остров Ваду, а причина за тоа била хемиската реакција позната како биолуминисценција (која се случува кога фитопланктоните емитуваат светлина) благодарение на што туристите можеле да уживаат во натприродната убавина дури и во темница.
Навагио залив, Закинтос, Грција
Иако бројни плажи во Грција изгледаат како да се врамени во смарагдно сина боја, кај заливот Навагио постои нешто посебно, а од убавината често застанува и здивот. Морската вода на Навагиа со својата чистота и совршеност ја должи најверојатно на тоа што станува збор за заштитена област, а од двете страни има високи карпи, а оние кои би сакале да уживаат во овие глетки треба да ги следат упатствата на манастирот Свети Ѓорѓи о близина, од каде „пука поглед“ на Навагио, по целата негова должина.
Ексума, Бахами

Водата која го окружува овој остров е толку натприродно сина и чиста што делува како да сте во базен без граници. Преубавиот залив е мирен и топол преку целата година, а со оглед на тоа дека температурата на водата ретко паѓа под 22. степени во неа може да се бања дури и во зимските месеци (од декември до февруари). Ексума е најпозната по Плажата на свињите која е така наречена поради дивите свињи кои го населуваат овој предел.
Островот Борацеи, Филипини
Малечкиот остров чии плажи се надалеку познати по својот бел песок добиле бројни награди од туристичките публикации. Освен по нив познато е и по тоа што спаѓа во една од најпосетените туристички дестинации за одмор, а бојата на неговата вода останува неприкосновена. Плитка, стаклеста вода која го окружува овој остров има прозирност која би ја очекувале единствено од базените во хотелите, а нејзината тиркизна боја е толку интензивна што би се шокирале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дели пари на улица: Полицијата го бара мистериозниот добротвор

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор, кој остава коверти полни со пари на градска улица …