(ВИДЕО+ФОТО) Нова контроверзна серија за тинејџерите денес:Основа од лично искуство за проблеми од зависност која ќе ги разбуди или налути родителите!

Од понеделник, 17. јуни, во 21. часот ХБО го стартува емитувањето на мини серијата „Еуфорија“, во осум продолжувања.
Драмската серија „Еуфорија“ ни прикажува група средношколци и нивните љубови и пријателства во светот полн со дрога, секс, трауми и социјални медиуми. Актерката и пејачка Зендаја ја предводи актерската екипа.

Драмската серија „Еуфорија“ ни дава нов поглед на наративот за созревањето, истражувајќи го тинејџерскиот свет полн со забава. Серијата ни ја прикажува 17-годишната Ру Бенет (Зендаја), наркоманка која е излезена од лекување и се обидува да открие што да прави со својата иднина. Нејзиниот живот драматично се менува кога го запознава трансвеститот Џулс Вон, кој се преселил во градот по разводот на неговите родители и исто како и Ру, го бара своето место во светот. Во светот на Ру се и нејзините соученици Нејт Џејкобсон, кој ја прикрива својата сексуална несигурност, Меди Перез, повремената девојка на Нејт, Крис Мекеј, фудбалската ѕвезда што има тешкотии во приспособувањето на факултет, Кејси Хауард, чијашто сексуална историја продолжува да ѝ создава проблеми, Лекси Хауард, помладата сестра на Кејси и пријателка од детството на Ру, како и Кет Хернандез, тинејџерка што ја истражува својата сексуалност.

Главната улога ќе ја толкува Зандаја, ѕвезда од филмовите „Спајдермен: Враќање дома“ и „Величествениот шоумен“.
Во серијата се зборува за животот на адолесцентите, тоа што ги интересира, но и другата страна од животот на младите, за светот полн со дрога и развратен живот.
Тоа што посебно привлекува внимание во јавноста се екстремно експлицитните сцени во кои можат да се забележат и гениталии.
Режисерот Сем Левинсон, син на режисерот Бери Левинсон, изјавил дека оваа серија ќе ги избезуми и ќе ги налути родителите ширум светот. Левинсон кој ги напишал сите осум епизоди, изјавил дека серијата ја пишувал на основа на лично искуство со проблеми од зависност.
Пилот епизодата за „Еуфорија“ прикажана е на новинарите, кои напишале дека ова е премногу за прва епизода, поточно премногу за сите осум епизоди.
„Машките гениталии во првата епизода, триесет од нив во еден кадар, страшна сцена кога главниот јунак ќе се предозира, давење…“ – ова се само некои од работите кои ќе ги гледате од 17-ти јуни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …