(ФОТО) ЖИВОТОТ ПИШУВА ПРИКАЗНИ – Мажот рекол дека ќе оди да се провози па му се загубила секоја трага: 23. години подоцна неговата сопруга примила чуден повик и клопчето почнало да се одмотува…

Габриел Наги во 1987. година едно попладне излегол од дома и повеќе не се вратил. Жената и двете деца годините ги минале со цел да дознаат што му се случило но се’ било бадијала.
Бил среќен човек. Кога отишол да се провози, сопругата решила да му подготви вечера знаејќи дека бргу ќе се врати.
После неколку часови почнала да се грижи бидејќи не и се јавувал. Набргу потоа полицијата објавила дека го пронашла неговиот запален автомобил.
Сепак, на сопругата и било кажано дека Габриел не е пронајден во близина. Самата тргнала во потрага по него.
Полицијата во меѓувреме открила дека Габриел подигнал пари од банкомат околу 160. километри од домот.
Тоа му дало надеж на семејството, а постар полицаец, кој го презел случајот, ветил дека ќе дознае што му се случило на Габриел. Во потрагата биле потрошени многу ресурси но се’ повеќе се чинело дека нема да го пронајдат.
Полицаецот сепак налетал на нешто што го заинтересирало. Во здравствениот систем на Австралија стоело дека Габриел неодамна имал операција. Исто така го променил името во Рон Сандерс.

Рон е пронајден жив и здрав и живее во град кој е оддалечен 1.600 километри од градот каде Габриел живеел со семејството. Полицијата решила да му се јави по телефон за да открие дали станува збор за истото лице.
Рон објаснил дека 25. години бил збунет со својот живот и дека се му било нејасно, а потоа се договориле да се сретнат.
Полицаецот му покажал фотографија од неговото семејство, а на Рон полека почнале да му навираат сеќавања.
Имено, Габриел доживеал сообраќајна несреќа и ја повредил главата поради што заборавил поголем дел од својот живот. Самиот себе почнал да се вика Рон и да талка по земјата.
После средбата со полицаецот и се јавил на сопругата на телефон и закажал средба со неа.
Тогаш се прегрнале и и’ подарил прекрасен букет цвеќе.
За жал Рон, т.е. Габриел и понатаму не се сеќава на поголем дел од својот живот но се согласил да остане во контакт со семејството.
Повеќе од 20. години семејството не знаело што е со него, а нивната приказна и понатаму кружи по интернет како пример на многу сериозен облик на амнезија.
Екран.мк/Boredom therapy
Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе …