(ФОТО Галерија) Во оваа земја сите жители се познаваат, децата никој не ги чува, не плаќаат греење, а немаат ни војска: Тие го гледаат доброто во секој човек!

Жителите на Исланд имаат сајт кој содржи податоци кои датираат уште од 18. век, за сите роднински врски во оваа земја. Ако се вљубите, прво проверете милиот да не ви е далечен роднина…
Исланд е мала земја во која живеат само околу 360.000 жители. Сите жители меѓусебно се познаваат, така што нема потреба да заклучувате врата кога ќе одите некаде и лесно можете да го оставите своето дете без надзор во парк или пред продавница.
Покрај тоа, во Исланд живеат најсреќните луѓе на планетата.
Жителите на Исланд отсекогаш живееле во хармонија со природата и со векови наназад исклучително ја почитуваат. Исланд може да се пофали со најмоќниот водопад во Европа, најголема колонија на птици и со еден од најголемите глечери.
Жителите на Исланд се многу горди на својот јазик и тој не се менувал 12. века. Скоро секое лице на Исланд без проблеми ги чита древните текстови. Осен тоа, Исланд е лидер на меѓународниот пазар на книги. Тие секоја година издаваат повеќе книги отколку било која друга земја.

View this post on Instagram

Folks, the rumors are true: there is ice in Iceland.

A post shared by Staci (@staceave) on

Исланд е лидер и во областа на човековите права. Уште во 1980. година Исланд станала прва земја во Европа во која за претседател е избрана жена, а во 2010. година се забранети сите стриптиз клубови во оваа земја за да се поддржи феминистичкото движење. Исланд забранува дискриминација од било каков вид.
Нивото на писменост во Исланд е поголемно од било која друга земја во светот. Основното и средно училиште се бесплатни, а студирањето е исклучително пристапно.
Исланд големо внимание посветува на здравството. Државните здравствени установи им се достапни на сите, добро опремени и пристапни, па приватна здравствена пракса скоро и не постои.
90% од куќите на Исланд се греат благодарение на топлата вода која доаѓа од геотермалните извори. Геотермалните електрани ги задоволуваат сите потреби на земјата за греење, така што населението воопшто не мора да плаќа греење.
Единствено Исланд има веб страница со база на податоци која содржи информации за роднинските врски на населението, почнувајќи уште од 18. век. Настанала бидејќи населението не е многу бројно. Многу луѓе ги проверуваат податоците на оваа веб страна за да проверат дали најновата љубов им е, да не даде Господ, можеби роднина!
Исланд нема војска. Полицијата и крајбрежната стража немаат оружје. Стапката на криминал е скоро нула, така што оружјето и не им е потребно. Ако некој од граѓанин сака да се придружи на војска може да оди во Норвешка и да се придружи на нивната војска, бидејќи овие две земји имаат таков  договор.
На Исланд научниците се потрудиле да откријат што во човечкиот мозок предизвикува зависност и успеале да го намалат бројот на пушачите и алкохоличарите на 3 до 5 отсто.
Жителите на Исланд веруваат во тролови и вили. Сметаат дека троловите живеат во округли камења. Ако на патот сретнат некој таков камен внимателно ќе го заобиколат. Ако таквиот камен мора да се помести, се повикува лице кое „комуницира“ со троловите. Проектантите на патишта секогаш ќе консултираат „стручно лице“ околу изградба на патишта за да не се поремети животот на троловите.
Градоначалник на главниот град, Рејкјавик, е Јон Гнар кој некогаш бил дел од панк рок бенд, работел како таксист, медицински брат во психијатриска болница, во фабриката „Волво“ во Шведска, а бил и комичар. Благодарение на него, Исланд добил финансиска обнова, изградба на 10. километри велосипедски патеки, реорганизација на школите и зголемување на туризмот.

View this post on Instagram

Working hard with Klaki Gnarr @Skorradalur

A post shared by Jón Gnarr (@jongnarr) on

Исланд има група луѓе кои се задолжени да дадат име на ново бебе на Исланд. Имено, 6. луѓе кое ги предлага Министерството за правда смислуваат нови имиња кои ќе се вклопат во исландската култура и јазик. Така на пример, името Андре не е дозволено на Исланд бидејќи не е во склад со правописот на оваа земја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мистериозна смрт на 25. годишна манекенка чие тело е пронајдено во лифт!

Мистерија ја опкружува смртта на еден млад модел, чие безживотно тело било пронајдено во лифт …