(Рецепт) Манастирски ориз: Богато вариво кое може да замени секаков оброк со месо!

Феноменален рецепт со разен зеленчук
Состојки: 1,5 шолја ориз, 1 главичка кромид, 1 поголема црвена или зелена пиперка, 10 црни маслинки, 1 морков, 2 лажици пире од домати, 1 помалечка тиквичка, 150 г печурки, 100 мл масло, 1 лажица суво нане.
Подготовка: измијте го оризот во 7. води и исцедете го. Полијте го со врела вода во однос 1:2 и оставете да вари додека не ја апсорбира течноста. Во посебен, поголем сад загрејте 80 – 100 мл масло и пржете го зеленчукот (сечкан) по ред – кромид, морков и пиперка и печурки.
Штом зеленчукот ќе омекне додајте ги маслинките, тиквичките исечкани на ситни коцки и зачинете со малку сол, и црн пипер по вкус. Додајте пире од домати, а кога зеленчукот ќе омекне додајте го оризот и измешајте.
Зачинете по вкус и штом оризот биде потполно готов тргнете го садот од ринглата. Наросете со сечкан магдонос и послужете.
По потреба додајте уште вода во зависност од тоа каков ориз јадете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) Јадење кое отвора апетит: Крем салата од печени пиперки!

Неодолив вкус, салата која се јаде и отвора апетит. Со месо на било кој начин …