(ВИДЕО) Сунѓер колач: Најубава викенд слатка – и’ лади и засладува!

За подготовка на неделен колач секогаш бираме некој кој бргу се подготвува. Така е и овој пат. пред вас е феноменален колач од гриз…
Состојки: 4 јајца, 1 шолја (од 200 г)шеќер, 1 шолја брашно, 1 шолја мелени ореви или лешници, 2 шолји гриз, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 кесичка прашок за печиво.
Прелив: 250 г шеќер, 400 мл вода, 1 кесичка ванилин шеќер, рендана коричка од 1 лимон
За мачкање: 2 изматени шлага (на фотографијата е со вкус на ванила), мелени ореви
Подготовка: рерната вклучете ја на 200 степени,тава (20х30 см) намачкајте со масло и наросете со брашно
Јајцата изматете ги со шеќерот па во густата смеса вмешајте ги маслото и млекото, па потоа измешаните суви состојки (брашно, гриз, печиво, ореви) и убаво измешајте. Смесата истурете ја во подготвената тава и ставете во рерна. Печете околу 30. минути.
Додека колачот се пече подгответе го сирупот – варете ги водата и шеќерот, ванилиниот шеќер и ренданата коричка од лимон. Се’ нека вари 5. минути.
Топлиот, испечен колач, полијте го со сирупот и оставете да се излади. На крај изматете го шлагот и намачкајте го колачот и наросете со оревите.
Колачот е посебно вкусен кога убаво ќе се излади.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) Јадење кое отвора апетит: Крем салата од печени пиперки!

Неодолив вкус, салата која се јаде и отвора апетит. Со месо на било кој начин …