Божјо чудо во Велес- посетете го местото Црн Камен за здравје и среќа

Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“.
Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен – Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.
Некаде околу 469. години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле, но во 1855. година на многу чуден начин бил откопан.
Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев.
Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир.На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот, тој бил откопан и вратен во живот.Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ.
Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и к’смет.
„Кога се оди првиот пат се минува три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се минува три пати под водопадот.Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен“, велат оние кои го познаваат местото.
Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати Месноста Црн камен која се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден.

Извор: засе.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Денеска се слави Светата маченичка и девица Сузана!

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а …