Иконата на македонскиот ракомет Столе Стоилов успешно опериран

Македонскиот ракометар и играч на Вардар Стојанче Стоилов, по враќањето од синоќешниот меч против селекцијата на Турција, замина на операција.
Капитенот на „црвено-црните“ ја пролонгираше операцијата за неколку дена, пред се за да му биде на располагање на селекторот Данило Брестовац за мечот со Турција.
Тој е успешно опериран и сега му претстои период на заздравување од повредите, па враќање на терените.
Македонскиот репрезентативец денеска е опериран во „Аџибадем Сиситина“ и според информациите до кои дојде „Спортмедиа“, големиот борец се чувствува добро.
Стоилов уште еднаш покажа зошто е икона на македонскиот ракомет и ја заслужува сета почит, одлучи и покрај проблемите со коленото да настапи против Турција, одигра храбро, машки без да се штеди.
По вчерашната победа и обезбеденото место на ЕП 2020, Македонија на 16. ќе игра квалификациски меч против Грција, во Струмица, каде ќе можеме да им се реваншираме на соседите за поразот во Кожани пред неколку месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дели пари на улица: Полицијата го бара мистериозниот добротвор

Британската полиција го бара мистериозниот добротвор, кој остава коверти полни со пари на градска улица …