(ФОТО) 2. ГОДИНИ ПОСЛЕ СМРТТА: ФБИ го отворил досието на славниот основач на „Плејбој“ кого „го обработувал“ уште од 50. ттите


ФБИ, две години по смртта на легендарниот издавач, објавил досие за основачот и главниот уредник на „Плејбој”, Хју Хефнер една од многуте познати личности кои агенцијата ги истражувала со години, и чие истражно досие е од јавен интерес за новинарите, фановите и истражувачите.

Американската сојузна полиција го испрашувала Хефнер кон крајот на 1950.ттите години и во текот на 60.ттите поради „непристојните материјали”, наведува ABC News.
Досието исто така содржи документ упатен до тогашниот директор на ФБИ, Едгар Хувер, во кој агентот известува дека Хефнер и неговиот фотограф Едвард Опман се ставени под надзор за да се види дали некој од нив двајца пренесува порнографски снимки преку границите на сојузните држави. Истрагата не покажала дека се извршени такви дела.

“Лицата кои се испрашани рекоа дека Хефнер е премногу итар за да прекрши сојузни или локални закони”, заклучила истрагата на ФБИ.
Хефнер подоцна бил уапсен во Чикаго поради објава на непристојни и сугестивни фотографии од Џејн Менсфилд, но бил ослободен.
Досието содржи и новински исечоци од случаи во кои Хефнер изборил право преку пошта да праќа списанија на „Плејбој“ претплатници, а тоа да не претставува кршење на законот.

Кога лице од јавен интерес умира, ФБИ презема чекори за објавување на неговото досие на сајтот на ФБИ.
Досиеата на ФБИ за славните личности, меѓу кои се и Елвис Присли, Мајкл Џексон и Френк Синатра, се наоѓаат на сајтот, како и оние за поранешниот сенатор на Масачусетс, Едвард Кенеди и мафијашот Ал Капоне.
Екран.мк/ Tanjug

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Променет терминот на доделувањето на Оскарите

Церемонијата на доделување на Оскарот – кулминација на доделување на филмските награди во САД, во …