(ФОТО) Тука повеќе не стапнува човечка нога:7. најстрашни и напуштени градови на светот!

Патеписците најчесто пишуваат за најубавите, најпосетените, нај…по нешто градови или држави…
Но, во светот постојат 7. градови кои и не постојат…Бидејќи се напуштени и поради тоа многу страшни. Иако секој од овие седум градов и си има своја историја и причини зошто е напуштен, серијата „Чернобил“ на „ХБО“ од прва рака не извести зошто градот Припјат е напуштен…Како и нема да биде кога таму се случила нуклеарна катастрофа…
Погледнете кои се 7. најстрашни и напуштени гардови во светот:
Агдам, Нагорно Карабах (Ерменија/Азербејџан)

Некогаш дом на повеќе од 40. илјади жители, Агдам бил погоден од поголем број на крвави воени судири кон средината на 90.тите години од минатиот век. Војната и тешките услови за живот ги натерале локалните жители да го напуштат градот, кој подоцна бил преплавен од криминални банди и бездомници. Денес е забранета посета на овој град.
Боди, Калифорнија
Во 1859. година голем број на луѓе пристигнале во Сиера Невада во потрага по злато. Популацијата во овој град за кратко време пораснала на седум илјади жители. Во своите најдобри денови, овој калифорниски град имал седум цркви, 65. барови и 25. бордели. Во градот имало живот, се додека еден ден снемало злато, па така градот останал и без жители.
Вароша, Кипар
Некогаш популарната туристичка населба на брегот на Медитеранот, денес е напуштена рушевина. Во текот на 70. години од минатиот век, најпознатите луѓе од шоубизнисот летувале тука, но сега овој град е целосно напуштен.
Островот Хашима, Јапонија

Од 1887. до 1974.година на Хашима живееле рударите со своите семејства. Се проценува дека во градот најмногу живееле 5 илјади жители, но откако нафтата започнала да се користи како примарен енергенс, а побарувачката за јаглен опаѓала, жителите постепено започнале да го напуштаат градот во потрага по подобар живот. Денес островот е целосен празен и исполнет со празни градби.
Припјат, Украина
Службено бил прогласен за град во 1879. година со изградбата на нуклеарната централа, а животот во овој град престанал во 1986. година после експлозијата во централата и испуштањето на смртоносната количина на радијација. Пред експлозијата во Припјат живееле околу 50. илјади луѓе, имало шума со над 18. илјади стебла, а во градот исто така имало и 27. ресторани и барови. И денес тука има радијација, забрането е да се живее во градот, а во последните неколку години се организираат и туристички посети.
Ромањано Ал Монте, Италија
Ова село било уништено од силен земјотрес во 1980. година. Со оглед на тоа што жителите не сакале да го обновуваат местото, тие целосно се преселиле и изградиле ново село на десетина километри од него. Иако е ненаселено, селото денес е многу популарно меѓу туристите.
Орадур Су Глан, Франција
Некогаш во ова француско село живееле над 600 жители кои што „СС“ дивизиите на Нацистичка Германија практично ги масакрирале за време на Втората светска војна. Преживеале малкумина кои го откриле хоророт во селото. Денес тука нема ниту еден жител.
Екран.мк/punkufer.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(Рецепт) Јадење кое отвора апетит: Крем салата од печени пиперки!

Неодолив вкус, салата која се јаде и отвора апетит. Со месо на било кој начин …