(ФОТО) Според ФОРБС Лионел Меси најмногу заработил во 2018. година, а зад себе го оставил Кристиано Роналдо со скоро 20. милиони долари разлика!

Лионел Меси е најплатен спортист за минатата година, извести ФОРБС во вторникот, во својата годишна листа на заработувачка.

Ѕвездата на Барселона и Аргентина, Меси, го симнал од тронот боксерот Флојд Мејвотер, и го зазел тронот со заработувачка од 127. милиони долари кои ги остварил преку платата и други договорори.

Тоа го стави Меси пред лутиот ривал Кристиано Роналдо, ѕвездата на Јувентус и Португалија, кој е втор според заработувачка со 109. милиони долари.

Напаѓачот на Бразил и Парис Сент Жермен, Нејмар се пласирал на третото место со 105. заработени милиони долари.
Четврт на листата е мексиканскиот боксер во средна категорија Саул „Канело“ Алварез со 94. милиони долари. Алварез кој минатиот септември го победи Генади Головкин стана непобеден шампион што во октомври му донесе највисок договор во историјата, 11. години верност со стриминг мрежата DAZN за 365. милиони долари.
Евергрин ѕвездата Роџер федерер е петти со заработка од 93,4 милиони долари. Поголемиот дел од заработката на федерер се од спонзорски договори благодарение на неговите 20. Грен слем титули кои му донеле 86. милиони.

И’ѕвезди на НФЛ и НБА се рангирани во првите десет најплатени, а Расел Вилсон од „Seattle Seahawks“ е на шестото место со 89,5 милиони долари, за нијанса пред Арон Роџерс со 89,3 милиони долари.
ЛеБрон Џејмс е највисоко пласиран член на НБА со 89. милиони, додека Стивен Кари е осми со 79,8 милиони.
Кевин Дурант е десетти рангиран со 65,4 милиони долари.

Поранешниот број 1, Тајгер Вудс е 11. со 69,3 милиони долари кои вклучуваат 54. милиони од спонзорски договори.
Во меѓувреме тениската суперѕвезда Серена Вилијамс е единствената жена на оваа листа, доаѓајќи на 63. место со заработка до 29,2 милиони долари.

Сите статистики се завршени на 19. март 2019. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе …