(ФОТО) Нови проблеми во снимањето на Џемс Бонд број 25:Даниел Крег и Рами Малек не можат да снимаат во исто време!

Токму тие сцени во кои лице во лице се среќаваат Џемс Бонд и негативецот се најголем проблем за 25. продолжување на сагата за агентот 007. И двајцата глумци имаат презафатени распореди па продукцијата се чини ќе мора да изнајде начин да ги спои главните актери.

Се собираат проблеми кои го отежнуваат снимањето на новиот филм за Џемс Бонд. Имено, како што е познато од порано, снимањето на ова остварување е одложувано повеќе пати. Првиот пат затоа што главниот актер Даниел Крег се повредил, па морал итно со авион да биде префрлен во Америка, за да закрепне од повредата на зглобот.
„Во текот на снимањето трчаше, по што падна, а подоцна дознавме дека го повредил зглобот. Беше многу незадоволен, моравме да го прекинеме снимањето“, рекол еден соработник кој работи на овој филм.
После тоа, на сетот во Пајнвуд студиото во Бакингемшајр се случиле три гласни експлозии, а еден од членовите на екипата од филмот за новиот Бонд бил повреден. И поради тоа снимањето било одложено.
Сега се јавил нов проблем. Имено, поради ангажмани во други филмови, главниот негативец во новиот Бонд, оскаровецот Реми Малек, не може да ја сними заедничката сцена со Даниел Крег, кој исто така има пренатрупан распоред.
“Снимањето на филмот треба да заврши во септември, но како што стојат работите, тоа ќе се случи кон крајот на октомври, а можеби и ноември. Треба да се најде време Даниел и Рами да ја снимат заедничката сцена – Бонд треба да се сретне лице во лице со негативецот. Тотален кошмар”, рекол изворот.

Токму тие сцени во кои лице во лице се среќаваат Џемс Бонд и негативецот се најголем проблем за 25. продолжување на сагата за агентот 007. И двајцата глумци имаат презафатени распореди па продукцијата се чини ќе мора да изнајде начин да ги спои главните актери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Променет терминот на доделувањето на Оскарите

Церемонијата на доделување на Оскарот – кулминација на доделување на филмските награди во САД, во …