(ФОТО) Кили доби внук и официјално стана дедо: Се породи неговата ќерка Јоана – преслатко бебенце!

Пред неколку недели Кирил Поп Христов објави фотографии со бремената ќерка а денес веќе може да се пофали дека и официјално станал дедо!

Популарниот актер Кирил Поп Христов – Кили, утринава стана дедо – се породи неговата ќерка Јоана која заедно со својот сопруг Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.

Ќерката на Кили од бракот со сопругата Гордана, утринава роди момче кое ќе го носи името Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, односно сопругата на актерот Кили, Гордана Деан Поп-Христова, која инаку е основач на познатото балетско студио „Ребис“.

Инаку, Јоана се омажи во Еквадор каде се пресели пред неколку години.

На социјалните мрежи, сестрата на Јоана која живее во Скопје, Нина Деан напиша: „Добредојде на светот Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам моја сестро“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …