Во петок стартува новата сезона на Аква Паркот во Скопје

Во петок, со почеток од 10:00, ќе стартува новата летна сезона во Аква Паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.

Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти, 10-те атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и новото детско катче за забава во песок. Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

 

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери.

Ве очекуваме на отворање, петок (14.06.2019), вип Аква Парк.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Денеска се слави Светата маченичка и девица Сузана!

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а …