(ВИДЕО+ФОТО) Кралска палата за „кралот на земјата“: Рафаел Надал ужива во вилата на Мајорка!

Семејството Надал води потекло од 13. век и тоа на островот Мајорка…
Познатиот тенисер никогаш не ги открил своите корени, но повеќе од јасно е дека на целиот остров има само едно презиме Надал и тоа она кое е директно поврзано со неговиот татко Себастијан и чичко му, а понатаму ќе го пренесува Рафа и, здравје, неговите потомци…
Рафаел Надал никогаш немал проблеми, од финансиска страна, бидејќи татко му со децении има фабрика за стакло во која произведува колекции од чаши кои се продаваат ширум светот…Сепак, лесниот живот не го размазиле познатиот тенисер кој и денес изгледа и делува многу скромно…Но…
Освојувачот на 12. титула на Ролан Гарос може да се опушти пред подготовките за Вимблдон во својот лускузен дом. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос, заработи дополнителни 2.250.000 евра.
На тоа може дополнително да бидат додадени минимум уште толку средства од спонзорите, ако не и повеќе, затоа што Надал е индустрија за себе и вистинска „машина“ за создавање пари.

Покрај тоа, Надал има тениска академија каде што создава нови шампиони и исто така заработува милиони од тоа.
Но покрај тоа што тој заработува толку многу пари, исто така сака да живее убав живот. Затоа за себе си обезбедил вистинска кралска палата во своето родно место на островот Мајорка.

Надал во 2013. година купил луксузна вила во Мајорка во местото Порто Кристо, а за тоа платил 4. милиони евра.
Тоа е неговата идила во која одмора после напорот од тенисот. Себеси си обезбедил „катче“ како од рајот. Има неверојатна градина составена од медитерански билки и дрвја, има посебна приватна плажа и скали кои се изградени за да водат до неа каде има и пештера во морето.
Положбата на куќата е идеална, на ридот над морето, со поглед кој се простира на три страни од морето и нема сомнеж дека Надал таму се полни со многу енергија која потоа му помага да ги освојува најголемите турнири.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …