(ФОТО) Дете на Чернобил: Неверојатна приказна за единственото бебе родено во зоната на евакуација

Единственото дете родено во високо контамираната зона на Чернобил после катастрофата од 1986. година пораснало во здрава млада жена…
Чернобил е повторно топ тема, благодарение на фалената мини серија на HBO за нуклеарната катастрофа од 1986. година, но Маријка не се појавува во неа, иако за неа велат дека после катастрофата претставува „симбол на чернобилската ренесанса“, пишува The Mirror.
Таа ги полнела насловните страни пред 19. години, кога станала прво бебе родено и одгледано во близина на спорниот реактор број четири. Но, пред серијата со години воопшто не била во медиумите.
Маријка која наскоро ќе го прослави 20. роденден,студира во Киев, а Sunday Express ја пронашол во главниот град на Украина.
„Добро сум, работам“, рекла веднаш.
Кога е родена во 1999. година украинските власти се обиделе да ја скријат „срамотата“ на нејзиното доаѓање во семејството на чернобилските работници кои илегално живеат, внатре, во зоната на евакуација од 30. километри.

Нејзините родители одбиле да ја напуштат зоната бидејќи властите не им нуделе алтернативно сместување. Но, многумина ги малтретирале и обвинувале за „убивање“ на ќерката.
Пливала во река каде од рибите – кои ги ловел нејзиниот татко Михаил го прехранувал своето семејство – Гајгеровите бројачи подивувале, пишувале весниците. Пиела млеко од крава хранета на чернобилските ливади озрачени со нуклеарната експлозија.
Нејзината мајка, Лидиа Совенко морала да ги побива гласините за здравјето на својата ќерка.
„Ако луѓето мислат дека е мутант или дека има две глави, многу грешат“, рекла во едно интервју. „Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво, колку што можеме да видиме“, додала.
Маријка повеќе не сака да размислува за минатото, додека сопствените студии ги финансира со работа во еден модерен бар.
„Навистина не и е важно да биде единствена бидејќи е родена во Чернобил“, велат нејзините пријатели.
„Всушност, фактот дека таа е единственото дете кое е родено после експлозијата и кое пораснало во Чернобил е доста болно за неа. Таа тоа го гледа како стигма“.
Нејзината мајка која денес има 66. години заклучува:„Луѓето тука веруваат дека Маријка е симбол на чернобилската ренесанса, знак од Бога кој тие го толкуваат дека е благослов да се живее тука и дека на ова ослабнато место се враќа животот“.
Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Денеска се слави Светата маченичка и девица Сузана!

Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а …