Со нив никогаш не е здодевно: Ова се најзабавните знаци во хороскопот

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Во овие хороскопски знаци не се раѓаат здодевни лица…
Ако забавата ви е на прво место тогаш е можно да сте родени во еден од најзабавните знаци во зодијакот. Проверете кому, по тоа прашање, се наклонети ѕвездите и со кого ама баш никогаш нема да ви биде здодевно:
Овен
Овните обожуваат да запознаваат нови луѓе, а нивниот распоред е секогаш преполн со обврски. Секогаш делуваат како одлично да си поминуваат, а една од причините е и фактот дека сакаат да започнат нешто што ретко го завршуваат. Така од животот земаат забавни работи, а оние кои подразбираат одговорност најчесто ги игнорираат.
Близнаци
Обожувани се во друштвото бидејќи секогаш се подготвени за акција, каква и да биде. Сепак, постои една помалку симпатична карактеристика на Близнаците – често „ќе се запалат за нешто“ што во моментот звучи супер, а потоа кога ќе се соземат се премислуваат.
Лав
Лавот има способност средувањето на станот и перењето алишта да ги направи забавни активности. Овој хороскопски знак едноставно знае како да го извлече најдоброто од се, дури и кога станува збор за здодевни работи.
Стрелец
Авантурите се она што ги придвижува Стрелците, затоа ќе ги бараат во секоја активност. Нивниот ентузијазам дури и најобичните работи ќе ги направи забавни и ќе ве одведе на места на кои никогаш и не сте сонувале дека ќе бидете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ХРАБРО ДЕВОЈЧЕ – ГО НАШЛЕ ИСКИНАТО, ИЗГРЕБАНО И ВО МОДРИНКИ: Малечката Русинка Зарина (5) минала пет дена во дивата тајга без храна и вода – Ќе ве шокира што измаченото девојче прво побарало од спасителите!

Петгодишно девојче од Русија е спасено откако поминало четири дена изгубено во шумата. Зарина Авгонова …