(ВИДЕО) „Нејмар ме силуваше, а потоа до крај ме уништи – ме ограбија и ме напаѓаат!“

Минатата недела на социјалните мрежи се проширило видео на кое Нахила во хотелска соба го удира Нејмар и вика на него „Ова ти е затоа што ти мене ме тепаше вчера…“
Животот на Нахила Триндаде која го обвини Нејмар за силување и се претворил во пекол. Во интервју таа објаснува дека постојано добива закани, а говори и за грабежот кој се случил. Сето тоа влијаело на нејзиното здравје.
„Мислам дека сега не е најдобро време да продолжам да зборувам за тоа и дополнително да се истакнувам. Морам да се опоравам, воопшто не сум добро. Имам панични напади, не можам да се грижам за мојот син. Не спијам, пијам антидепресиви и бидејќи не можам да јадам, загубив 10 килограми последнава недела. Ми се случуваат многу лоши работи, ме следат мене и моето семејство. Ми го обија апартманот и ми украдоа работи, се измислуваат многу нешта за мене. Животот ми се претвори во пекол, порачува расплаканата Нахила во интервјуто за ‘Доминго Еспетакулар’ и додава.
„Најголемата грешка што ја направив оваа година е тоа што го реактивирав мојот Инстаграм профил. Ако останеше затворен и деактивиран, мојот живот сега ќе беше мирен’,потенцира девојката која го обвини Нејмар за физички напад и силување.

Аферата почнала пред десетина дена кога медиумите објавиле дека тогаш неименувана девојка го обвинила Нејмар за силување. Фудбалерот потоа покажал пораки и разголени фотографии кои ги разменувал со девојката која го обвинила и на која тогаш и го открил идентитетот.

Минатата недела на социјалните мрежи се проширило видео на кое Нахила во хотелска соба го удира Нејмар и вика на него „Ова ти е затоа што ти мене ме тепаше вчера“.
Тој и одговорил:„Модринките се и твоја вина, си бараше уште“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе …