(ВИДЕО+ФОТО) Била најголема ѕвезда на Југославија: Починала на 42. години а сите останале затекнати со тоа што се случило тој ден…

Ѓурѓица Барловиќ беше првата пејачка на култниот бенд „Нови фосили“, која важела за една од омилените на просторот на тогашна Југославија.
На дамата со моќен и раскошен глас од самиот почеток и предвидувале блескава кариера, а нејзината љубов кон музиката датира од самото детство.
Првиот настап го имала на 13. години на детски фестивал, а првпат пред камерите се појавила во белградската забавна емисија „Образ до образ“ во 1974. година, кога настапила со песната „Кога би бил само мој“.
Ѓурѓица се запишала во средно градежно училиште, меѓутоа, знаела дека музиката е единственото со што сака да се занимава.


„Ги спакував куферите и на родителите им реков дека заминувам. Да знаев што ме чека сигурно дека никогаш не би мрднала од Сплит“ открила во едно интервју.
Како пејачка на „Нови фосили“ се здобила со голема слава, а во 1977. година на Сплитскиот фестива регионот го воодушевиле со песната „Диридонда“, после што ја објавиле и првата плоча „Да не те сакам“.
Меѓутоа, во 1982. година, Ѓурѓица одлучила да го напушти бендот за да се посвети на семејството, а на нејзино место дошла Сања Долежал.
„Ѓурѓица си замина бидејќи сакаше да си го среди семејниот живот, бидејќи ние работевме со уренебесно темпо. Неа семејството и беше поважно од нас, поважно од било каков настап, пари. Таа беше родена за мајка, сопруга, а повторно, од друга страна, исто така беше и врвна пејачка…и тоа каква! Поради неа никогаш не откажавме концерт, никогаш „не и пукна“ гласот“ раскажал своевремено водачот на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ.
Ѓурѓица се омажила за стоматологот Брацо, со кого добила два сина – Хрвое и Борна. Пред да одлучи да ја напушти групата пеел и во висока бременост, не сакајќи да се откаже од сцената бидејќи музиката била нејзиниот живот.
Починала од последици на акутен инфаркт, на Интерната болница во Задар, во 42. година, оставајќи ги зад себе сопругот и двата сина.
„Беше со цврсто и стабилно здравје. Поради тоа ме изненади тоа прерано заминување. Тој ден, кога умре, верувале или не, сите часовници во мојот стан запреа. Подоцна ја слушнав тажната вест“ рекол тогаш Рајко Дујмиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …