Тенисерот на Фејсбук објавил фотографија на која покажал што прави кога поради дожд ќе му биде откажан мечот и ќе има слободен ден. Тој и сопругата во опуштена атмосфера плетат со бел конец…
Во средата поради дожд беа откажани сите мечеви на Ролан Гарос во Париз. Новак Ѓоковиќ (32) требало да го одработи својот четирифинален двобој против Зверев, но наместо тоа се дружел со сопругата Јелена (32). На Фејсбук објавил фотографија на која покажал што прави кога ќе му го откажат мечот поради дожд. Тенисерот и сопругата опуштено плетат со бел конец…
„Ова е интензивен фокус на плетење додека трае дождот“, се пошегувал Новак.
„Мајка ми сака да плете и исплела калчиња, капи и шалови за децата па таа страст ја пренела и на мојата жена. Јас само малку почнав, добро е за нервите. Можеби утре ќе бидам на теренот“, заклучил Новак и продолжил во шеговит тон:„Помеѓу гемовите, мммм. Или на брејк топка, го вадам ова од џебот“.

Intense focus on the knitting 🧶 during ROLAND-GARROS rain delays 🤣 Jelena Djokovic
Gepostet von Novak Djokovic am Mittwoch, 5. Juni 2019
Фотографијата собрала десетици илјади лајкови и позитивни коментари со воодушевување на бројните обожаватели.