(ФОТО) Неверојатна приказна која нема да ве остави рамнодушни: Навивач на Роџер Федерер после десет години минати во кома доживеал шок

“Одненадеж ми падна напамет да прашам за Роџер. Мислев дека се повлекол. Кога дознав дека е втор во светот и дека и понатаму игра, мислев дека се шегуваат со мене, а кога ми кажаа и дека освоил 17 гренд слемови, ги ставив рацете на главата од шок”, раскажал тогаш Хесус.

Шпанецот Хесус Апарисио, навивач на Роџер Федерер, се разбудил од кома после 11. години и веднаш прашал што се случува со швајцарскиот тенисер, а одговорот кој го добил потполно го шокирал.Оваа неверојатна приказна се случила во 2015. година, а четири години подоцна, во тенискиот врв и понатаму ништо не е променето.
Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал и понатаму доминираат во светот на тенисот, па оваа сага е уште поневеројатна ако се земат предвид сите овие факти.


Хесус Апарисио пред 15 години доживеал сообраќајна несреќа и поради тешките повреди останал во кома. Тој собирал пари за во 2005. година да го запознае својот идол, меѓутоа во тоа се испречила несреќата.
Таа 2004. година, неговиот идол бил прв во светот и играл врвен тенис, а младиот Шпанец, кога се разбудил од кома во 2015. година не можел да поверува дека швајцарскиот тенисер и понатаму е на врвот и дека освоил многу гренд слем титули.
“Одненадеж ми падна напамет да прашам за Роџер. Мислев дека се повлекол. Кога дознав дека е втор во светот и дека и понатаму игра, мислев дека се шегуваат со мене, а кога ми кажаа и дека освоил 17 гренд слемови, ги ставив рацете на главата од шок”, раскажал тогаш Хесус.

Откако излегол од болница и пристигнал дома, го гледал финалето на УС Опен помеѓу Швајцарецот и тогаш, како и сега, најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ и бил просто изненаден како игра српскиот тенисер.
“Бев изненаден колку добро игра Ѓоковиќ”, изјавил тогаш младиот Шпанец.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез …