Играчот кој тежи три Европски титули, од кои две со Вардар, златниот Иван Чупиќ ‘и во неделното финале ги постигна последните два гола и стави печат на победата на Вардар, кој повторно се искачи на врвот на Европа.
Хрватското десно крило не помислува за разделба со Вардар, вели дека во Скопје му е убаво и дека останува во клубот.
„Една убава приказна завршува на најдобар можен начин. Останувам во Вардар, каде би одел? Скопје е преубав град, тука се најдобрите навивачи на светот. Семејството ми е задоволно и среќно“, вели Чупиќ.

Чупиќ останува во Вардар:„Тука се најдобрите навивачи на светот!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕