(ВИДЕО+ФОТО) Ролан Гарос:Рафа против Нишикори, Федерер нов дуел со Вавринка – зад сцената во Париз!

Ѓоковиќ во вчерашниот меч славел против Германецот, Јан Ленард Штруф со 6:3, 6:2, 6:2 и така го продолжил својот поход на својата втора титула на Ролан Гарос. Во четирифиналето Новак ќе се сретне со Александсер Зверев кој во пет сета беше подобар од фабио Фоњини. Доминик Тим со 3:0 во сетови го победил Монфис. Но, вистински спектакл на теренот приредиле Карен Хачанов и Хуан Мартин дел Потро. Играле во четири сета, а како победник излегол Хачанов кому ова му е прво Грен слем четирифинале. Кеи Нишикори и Беноа Пер го продолжиле мечот почнат во недела. После пет одиграни сетови подобар бил Нишикори.
Кај дамите вистинско изненадување приредила 17. годишната Аманда Анисимова која во два сета ја победила Алиона Болсова и така минала понатаму во натпреварувањето. Симона Халеп за само 45. минути го обезбедила четирифиналето. Ешли Барти вчера била подобра од Софија Кенин, и во наредното коло ќе се состане со Медисон Киз која со 2:0 ја победила Катерина Синјакова.
Денес на програмата на Ролан Гарос се првите четирифинални мечеви во машка и женска конкуренција, но најмногу интерес предизвикува дуелот помеѓу Роџер федерер и Стен Вавринка (14.00).


Во другите дуели ќе се сретнат Рафаел Надал и Кеи Нишикори (16.00), а во женска конкуренција ќе играат Слоун Стивенс и Џоана Конта (16.30) и во второто четирифинале Маркета Вондроушова и Петра Мартиќ (14.00).


Директните преноси на машките дуели се на Еуроспорт1, а на женските на Еуроспорт 2 со почеток од 14. часот.

Моменти кои нема да ги видите на тениските терени:

Рафаел Надал, по кој знае кој пат, токму на Ролан Гарос повторно го прослави роденденот:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кралеви на флертот: Мажите родени под овие хороскопски знаци обожуваат да флертуваат

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …