Вработените во ЈК „Комунална хигиена“ ќе добијат три заостанати регреси за годишен одмор!

На  седницата, одржана на 28. мај 2019. година, Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје донесе Одлука на вработените во Претпријатието да им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016 година, 2017 година и 2018 година.

Со тој што им следи за оваа година вработените сигурно ќе почувствуваат завидна финансиска „инекција“.


Директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Абдусамед Шабани, денеска ќе потпише Спогодба за регулирање на начинот на исплата на регрес за користење на годишен одмор, со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Нејзината икона има чудотворна моќ, па жените кои сакаат пород треба да го направат ова

Македонската православна црква денска прославува голем празник, Пречиста Богородица. Кога Пресвета Дева Марија наполни три …