Избрани само 10. песни за „Макфест“: Повторно нарачки за пополнување на бројот на композиции!

Од вкупно 67 композиции пристигнати на Конкурсот за избор на композиции за Макфест 2019, Селекционата комисија на Фестивалот по три преслушувања одлучи да ги прими следните десет (10) композиции со работни наслови и автори:

01.ДОПИР НЕЖЕН – Роберто Поп-Димитров (м/т/а)
02.ОДИ СИ – Виктор Апостоловски(м/т/а)
03. ЖИВОТ БЕЗ ЉУБОВ – Весна Малинова (м/т)
04.ТОА Е СЕ` – Весна Малинова (м/т)
05.ЗРАК – Столе Аврамов (м/т/а)
06.ЗНАМ – Бобан Василевски (м/т/а)
07.МАГИЈА – Томислав Коцевски (м/т)
08.ФАНК – Принц(м/т/а)
09.БЕЗ ТЕБЕ НЕМА КОЈ ДА МЕ УТЕШИ – Игор Шарески(м/т/а)
10.НАЈМИЛА – Тони Карапанчевски (м) -Хари Котларовски (а)Јовче Воденичаровски (т)


Дирекцијата на Фестивалот го задржува правото преостанатите потребни композиции да ги обезбеди по пат на нарачка од авторски тимови.
Согласно Правилникот на Фестивалот за веќе одбраните композиции авторските тимови во консулатација со уметничкиот директор Владимир Дојчиновски треба да ги изработат официјалните верзии. Доколку во договорениот рок истото не биде направено дирекцијата на Фестивалот го задржува правото на местото на таа композиција да определи друга.
И’, повторно се покажа дека „големите ѕвезди“ не испраќаат песни на конкурсот на „Макфест“ бидејќи штом нема доволно избрани композиции следат нарачки. Дали и колку ова влијае на квалитетот на најпопуларниот македонски фестивал на поп музика останува да почекаме и видиме, но нарачката не е гаранција и за квалитет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …